ФОТО: Борец и Локомотива Пехчево ремизираа на контролен натпревар

Борец и Локомотива Пехчево денес одиграа пријателски натпревар кој заврши без победник со по еден гол во мрежата (1:1).

Екипата на Локомотива Пехчево прва го отвори резултатот, откако се искористи грешка на домашниот тим за водство од 0:1 со голот на Сунај Бекири.

Борец во вториот дел го израмни резултатот на 1:1 со гол на Дамјан Пешевски, а тоа беше и конечниот резултат.

Следен контролен натпревар за Борец ќе биде против Победа во Прилеп, а оваа контролка ќе се одигра в недела.