Брегалница го победи Охрид на контролен меч

Брегалница денес одигра нов контролен натпревар против второлигашот Охрид на СЦ “Билјанини Извори” кој завршисо триумф за “сините” со резултат 2:1, во рамки на зимските подготовки.

Костоски прв го донесе Охрид во водство во 11. минута од мечот, а Ѓорѓиев во 37. минута израмни на 1:1.

Во вториот дел Додев стрелаше во 63. минута за конечни 2:1.

Брегалница играше во комбиниран состав со цел одмор на дел од првотимците.