Со положување свежо цвеќе на Исарот одбележан 11 Октомври во Штип

Со едноминутен молк., читање рецитал и положување на свежо цвеќе, претставници од Локалната самоуправа, делегации, политички партии, пријатели одадоа чест на борците кои пред 81 година се бореле за слободна Македонија.

“Денеска се собравме тука пред споменикот на револуцијата Исарот за да се присетиме кога точно пред 81 година на денешен ден 1941 година македонскиот народ ја започнаа тешката долготрајна, крвава борба за слобода со што отпочна денот на востанието на Република Македонија и ден на народното востание на македонскиот народ.“

Празникот денеска го честишае и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој истакна дека ова е време кога треба да продолжиме да носиме мудри политики со пенкало и разум, за да ја зачуваме независноста и слобдата на државата.

„Денес е ден наш стремеж, мотив да продолжиме овој пат со пенкало и со разум да ја сочуваме независноста којашто е доведена во прашање заради политиките и заради околностите во кои живееме. Затоа ова е време на носење мудри политики, на разум за се она коешто партизаните го со крв положиле за ние денес да го живееме, да не го изгубиме и со пенкало и со разум, туку да го надоградиме и да го тресираме патот на идните генерации на нашите деца“ – кажа Јорданов.

11 октомври е ден на востанието на Македонија или ден на народното востание на македонскиот народ и е државен празник.

Лаура Стојанова М-Нет