
Злоуптребена лична карата и изваден брз кредит. Слободан Ангелов од кочанско Оризари е воен инвалид кој минатата година собираше хуманитарна помош за да може да ја реновира трошната куќа во која живее со неговото семесјтво. Денеска некоја ја залоупотребил неговата лична карта и извадил брз кредит, со што под знак прашалник се става неговата егзистенција. Ако не ги врати парите кои тој ги нема ќе му се блокира сметката на која собираше хуманитарна помош, а опасност постои и да му се одземе скромната семејна куќичка.
„Мене се ме изиграле, моите лични податоци, мојта лична карта е злоупотребена и на мое име е подигнато кредит 82 илјади денари. Јас сум на работа бил, да не се сомневаат институциите дека сум јас.“
Ангелов измамата ја открил случајно, отишол во банка и сакал да подигне кредит и тогаш сватил дека веќе на негово име се подигнати многу пари без тој да знае. Случајот го пријавил во полиција.
„Имав стар кредит за куќата нели, имав пет илјади евра сакав да земам друг кредит стариот да се покрие да ми дадат нов. Ама кога открија дека со лична карта на мое име се подигнати пет кредити и не ми дадеа кредит. Ќе паднев во несвест во банката, смирија ме и отидев пријавив во полицијата“
Ангелов е оптимист, верува дека случајот ќе се реши. Инаку тој е воен инвалид од 2001 година, а со помош на хуманитарните граѓани и фирми минатата година тој успеа скромно да ја реновира куќата во која живее во кочанско Оризари.
Лаура Стојанова М-Нет