22-годишна девојка физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг во Штип

На 14.04.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Штип, 22 – годишна девојка пријавила дека околу 05.00 часот во семејниот дом во Штип, по претходна вербална расправија, била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг М.А.(26) од Штип. По комплетирање на случајот против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.