Каква е соработката на Министерството за транспорт и врски со градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ?

На увидот на градежните активности на брана на река Отиња од страна на Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, градоначалникот Јорданов не беше присутен, во Кочани на социјалните згради го немаше Папазов. Во една претходна прилика Јорданов истакна дека Општина Штип трпи политички поени од централната Власт со што се прават само дополнителни проблеми во работењето на Локалната власт. Со оглед на овие факти, го прашавме Министерот за транспорт и врски Благј Бочварски како е соработката со општините во Истокот во кои градоначалниците се од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Според него комуникација има.

„Ова се проекти значајни за граѓаните и проекти кои се финансираат директно од Буџетот на Владата, на министерството. Јас постојано сум на терен, во повеќе градови низ државата. Нашите служби од министерството се отворени, комуницираат со голем број општини без разлика на тој на која политичка гарнитура припаѓаат. Важно е да се соработува за да помогнеме на граѓаните“ – кажа Бочварски.

Бочварски потврди уште еднаш дека проектот крстосница во населба Сењак во Општина Штип е на Министерството за транспорт и врски, исто како и улицата „Панче Карагозов“ неколку улици во Автокоманда и изградба на брана на река Отиња.

Во оваа прилика Бочварски истакна дека ќе бидат завршени во најбрз можен рок со оглед на фактот дека на ниски темератури не може да се асфалтира.

Лаура Стојанова М-Нет