
Ретко во Кочани да има исчистени улици и тротоари. Вака анкетираните кочанчани ги коментираат последиците од снежните наноси во градот. Според нив, во годините наназад имало и поголеми снежни наноси и подебела снежна покривка, моменталната состојба сметаат дека е резултат на климатски промени. Меѓутоа, повеќето од нив се согласни дека не многу од улиците и тротоарите се чисти и проодни, што резултира со повреди кај луѓето. Макар и да се исчистени, тоа се претежно тротоари и улици во централното градско подрачје.
„Прво и основно што е кај нас со снегот, ретко кога се случува улиците да бидат исчистени, тоа ќе го потврдат и од болницата, веднаш има пациенти со повреди. Последици од снегот тие се замрзнато, неисчистено, што не е добро“
„Порано имаше многу повеќе снег, ова сега е само климатска промена.“
Според директорот на КЈП „Водовод“, Иван Иванов, пак, сите улици се проодни и чисти. Екипи во текот на вчерашниот и денешниот ден излегле на терен и дејствувале онаму каде што било потребно.
„Сите патишта во градот се проодни, нема некои посериозни проблеми. До сега имаме потрошено еден тон и 200 кг сол, со што што даваме сол и на некои институции кои ќе побараат од нас“ – вели Иванов.
Екипата на М-Нет Телевизија на терен забележа чисто и проодно централното градско подрачје, но не и периферни улици. На ова директорот Иванов истакна дека ќе реагираат и ќе излезат во пресрет на барањата на граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет