
Сметката за електрична енергија за мецес декември на Општина Штип пониска споредбено со претходниот месец. Имено, и покрај фактот дека улични светилки беа вклучени за половина час секојденвно повеќе споредбено со месец ноември, истовремено од 19 декември светеа и новогодишните реквизити, сепак сметката за електирчна енергија е намалена. Ова се должи на фактот дека уличното осветлување е со штедливи сијалици, истакнаа од Кабинетот на градоначалникот.
„Во Општина Штип во ноември имаме траење на денот и вклучување на светилките од уличното осветлување десет часа, додека во декември имаме 10 часа и половина, што значи е малку подолг периодот кога светат уличните светилки, меѓутоа во декемри ги вклучивме и новогодишните светилки. Врз основа на тоа граѓаните можеби очекуваат да се разликува енормно сметката за електирчна енергија. Но, со оглед на тоа што во месец ноември и декември во Штип се инсталираше улично осветлување со голема штедливост, сметката за електирчна енергија за уличното осветлување е помала во декемри споредбено со ноември“ – кажа Шорова Анеглова.
Конечната состојба по промените направени со уличното осветлување се уште не се направени, односно споредба се очекува во текот на целата година. Во главно придобивките се големи, додава Шорова – Ангелова.
Новогодишните реквизити во Штип беа вклучени и една половина од месец јануари, но сметката за електрична енергија за месец јануари се уште не е доспеана. Инаку, уличното осветлување се јавуваше како еден од најголемите проблеми кои го имаат граѓаните на Штип во изминатиот проект. Општина Штип склучи договоор со приватно јавно партнесрство со фирма која се грижи за одржување на уличното осветлување и промена на обичните со штедливи светилки.
Лаура Стојанова М-Нет