Еден починат пациент, 63 хоспитализирани во штипската и кочанската болница

51 пациент, заразени со Ковид – 19, имаат потреба од болничко лекување во штипската болница. Од нив 39 се во модуларната ковид –  болница, шестмина на Кожното одделение и шестмина доаѓаат во дневната болница. Починат е еден пациент како резултат на компликации предизвикани од Ковид – 19. Оздравени и испишани се шест пациента, а новопримени – петмина. Од хоспитализираните, околу 63%, односно 32 се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка, а околу 22%, односно 11 пациенти се вакцинирани. Извршени се 58 амбулантски прегледи. Во модуларната ковид – болница има 7 слободни места, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница, пак, хоспитализирани се 12 пациенти, од нив двајца се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка. Тројца пациенти се оздравени и испишани, а новопримени пациенти нема. Од хоспитализираните, двајца се вакцинирани, на Интерното одделение, кое работи како ковид – оддел има 15 слободни места, информира директорот на кочанската болница, д-р Александар Серафимов.

Според последната статистика на МЗ, во последните 24 часа регистрирани се 154 нови случаи на Ковид – 19 од направени 1.967 тестирања. Од нив, двајца се од Кочани и еден од Виница. Во другите градови од истокот нови случаи нема.

Пријавени се 12 починати лица, сите во болнички услови.

Оздравени се 408 пациенти. Од нив, 17 од Штип, 11 од Кочани, 9 од Берово, 3 од Делчево, 2 од Пехчево и по еден од Македонска Каменица и Пробиштип.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068, бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786.

Ребека Спасова МНет