
Во стилот на некогашните прославени пеливани и во духот на традицијата на некогашните боречки почетовци во Македонија. раководството на БК Олимпија од Штип се реши летните подготовки да ги поминат во природа. На прекрасните предели на Плачковица на ширните полиња опкружени со длабоки ладовини младите борачи на Олимпија им пркосат на летните жештини и ги полнат своите батерии со нова сила, знаење, боречки вештини вдахнувајќи го чистиот планински воздух. Во неможност да имаат рамноправен натпреварувачки карактер поради две годишна изолација тие на овој начин работат, не се предаваат и секојдневно очекуваат правдата да се задоволи и да излезе на виделина.
Раководството на клубот достоинствено и со почит кон своите млади членови секојдневно ги извршува спортските обврски а во исто време одговорните лица најавуваат санкции за оние кои се огрешиле и го прекршувале законот.На прес конференција директорот на АМС Наумче Мојсовски истакна дека постојат определени пропусти при вршењето на инспекцискиот надзор со што се остава можност за расветлување на евентуалните злоупотреби и нерегуларности во Боречката федерација на Македонија без притоа да се соопштат имиња на оние кои ги направиле евентуалните пропусти.
По оваа прес конференција членовите на БК Олимпија се надеваат дека конечно по две години ќе се вратат на картата на Боречката Федерација на Македонија со редовна програма и рамноправен третман со останатие боречки клубови во Македонија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk