ЕП во Фудбал е во тек а Македонија гаи планови за квалификациите за СП „Катар 2022“

Македонската фудбалска репрезентација го заврши своето историско учество на Европското првенство „ЕУРО 2020“ со грст симпатични коментари за играта која ја прикажаа на сите три натпревари. Македонија заврши на 23 место без освоени бодови со гол разлика 2:8, а пред 24 пласираната Турција исто така без бодови, но со гол разлика 1:8. Сега е време за мал одмор, средување на впечатоците, анализи и ковање план за во иднина. Си замина во репрезентативна пензија капитенот Горан Пандев, заврши договорот со селекторот Игор Ангеловски на сцена стапува новиот селектор Благоја Милевски кој од „својата“ У – 21 репрезентација „катапуктира“ дури 11 фудбалери во сегашниот сениорски тим. Бобан Николов, Муслиу, Барди, Велковски, Елмаз и другарите „набилдаа“ доволно европски натпревари, го искажаа својот раскошен талент и ја заинтересираа европската јавност за нивни нови ангажмани. Најбитен елемент за сите нив е да имаат натпреварувачки карактер, да „везат“ по теренот и да ја темпираат формата за важните репрезентативни обврски. Македонија до крајот на годината ја очекуваат квалификациите за С П „Катар 2022“ во кои квалификации имаме сериозни шанси за нов овојпат светски фудбалски „самит“. Романија славеше дома со резултат 3:2, Во Скопје падна Лихтенштајн со 5:0, ја „туширавме“ Германија на нејзин терен со 2:1 со што покажавме заби и ја наметнавме улогата за настап во Катар. На 2 септември ни гостува Ерменија, на 5 септември „летаме“ за Исланд, на 8 септември ни доаѓа Романија. Во октомврискиот циклус на 8 октомври гостуваме на Лихтенштајн, на 11 октомври во Скопје доаѓа Германија, на 11 ноември гостуваме на Ерменија за да годината ја заокружеме во Скопје со натпревар против Исланд. Сега е завршницата на Е П,време за фудбал, да се изгледаат натпреварите и мирно, релаксирано да се „кове“ планот за „Катар 2022“. Пандемијата полека, но сигурно си заминува, се полнат трибините, се погласно се слуша гласот на дванаесетиот играч, навивачите – кои во Букурешт и Амстредам покажаа и докажаа дека си ја сакаат репрезентацијата, навиваат за Македонија почитувајќи ги притоа и противниците а со тоа го привлекоа вниманието и почитта на целокупната фудбаласка јавност.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk