Приведени четворица крадци од Штип

На 26.06.2021 на крстосницата кај с.Драгоево со с.Пенуш, штипско, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.Ј.(38), Т.Т.(43), Т.И.(51) и Н.Г.(38), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека околу 19.30 часот во атар на с.Пенуш со употреба на сила и погоден предмет пресекле и одзеле шина  која требало да се користи за изработка на мост. Се работи на комплетирање на случајот по што против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.