
Денеска во салата Јордан Мијалков во Штип продолжува ревакцинација на граѓаните со кинеската вакцина „синофарм“. На листа за вакцинација има за денеска и утре има закажано околу 1500 граѓани, во меѓувреме од понеделник се очекува да започне аплицирањето на прва доза вакцина, бидејќи до крајот на оваа недела завршува ревакцината.
„Во тек на овие два дена ќе се врши само ревакцинација на населението, денеска имаме закажано околу 900 пациенти за ревакцина и утре очекуваме т.е. имаме закажано околу 800 пациенти за ревакцина. До крај на неделава односно до Петок завршуваме со ревакцинацијата и веќе од Понеделникот очекуваме да добиеме нови дози на вакцини и да започне вакцинација на населението со прва доза.“- истакна Постолов.
Во вакциналниот пункт во Штип втора доза вакцина прими и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова и вработените во административниот дел во општината.
„Денеска јас и администрацијата на општина Македонска Каменица ја примивме втората доза т.е. ревакцинацијата, одлично се чуствуваме. Најпрво одгромна бладогарност за перфектната организација денеска, ссите вработени добро се чуствуваат. Со ова го заокружуваме процесот на вакцинација. Од овде порачувам граѓаните да си ја вршат својата обврска, штитејки го своето, но и здравјето на своите блиски и на целокупната популација. Единствен начин за справување со болестра е токму вакцинацијата“ – изјави Соња Стаменкова.
Граѓаните во Македонска Каменица покажуваат интерес за вакцинација, посочи Стаменкова а нема дополнителни проблеми во организацијата или местото каде треба да примаат вакцина.
„Во почетокот можеби малку луѓето приоѓаа со страв, со скепса, меѓутоа се зголемува и интересот и бројот на вакцинирани. Повозрасната популација веќе се ревакцинира во здравствената установа во Македонска Каменица, само институциите кои се организираат на ваков начин како ние, доагаат во обие вакцинални пунктови, така да нема проблем околу транспортот. Заинтересираноста сепак си е на ниво.“- истакна Соња Стаменкова.
Според информации од Министерството за здравство во државата вкупно се аплицирани 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани. Со последните бројки 48% од населението над 70 години, 42% над 65 години и 35% од населението над 60 години примиле барем прва доза вакцина.
Лаура Стојанова М Нет