
Општина Штип во соработка со ЈП „Стипион“ ги известува граѓаните сопственици на неовластено поставени објекти (гаражи, шупи, голубарници и други слични објекти) кои се наоѓаат на јавна површина, дека треба истите да ги отстранат, доколку претходно добиле известуваше истото да го направат во рок од 15 дена од комуналната инспекција.
„Поради превземаната акција од страна на Општина Штип за отстранување на сите неовластено поставени објекти на јавна површина, упатуваме апел до граѓаните на општината за навремено и целосно отстранување на овие објекти, доколку претходно се известени со опомена во рок од 15 дена од комуналната инспекција при Општина Штип“ – стоеше во писменото соопштение испратено од страна на општината.
Штипјани согласни дека овие објекти треба да бидат урнати.
Исто така, од општината известуваат дека доколку сопствениците не ги отстранат овие бесправно поставени објекти во предвидениот рок, Општина штип со ЈП„Стипион“ ќе извршат отстранување на истите, но сопствениците ќе имаат дополнителни трошоци. Тие ќе бидат фактуирани на нивните сметки во износ од 12.500 денари и поднесување на мандатен платен налог од страна на комуналната инспекција во износ од 50 евра. Од Општина Штип истакнаа дека до сега 350 граѓани добиле опомена дека нивниот објект треба да го отстранат од јавна површина.
Лаура Стојанова М-Нет