
По црната ковид статистика на пет починати лица во едно деноноќие во Клиничка болница Штип, ситуацијата за нијанса подобра. Во изминатото деноноќие регистрирани се две починати лица,на возраст од 57 и 88 годишна возраст, информираше потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Вкупно хоспитализирани се 90 ковид пациенти од кои 38 во модуларната болница, на инфективното одделение 52. Слободни се 7 кревети во модуларната болница и 6 на Инфективното одделение без можност да се лекуваат пациенти со средна и тешка клиничка слика бидејќи нема кислород. Во Кочани ситуацијата вообичаена. Полни се модуларната болница и одделението за Физикална медицина, а слободни кревети има само на одделот за Интезивна нега. Според информации од Министерството за здравство досега во земјата се направени вкупно 655.924 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164.
Лаура Стојанова М-Нет