
Во новата натпреварувачка сезона 2024/2025 во Третата македонска фудбалска лига – Запад ќе настапат вкупно 12 екипи.
Стартот на новата сезона се’ уште не е познат, а истиот ќе биде дефиниран во следните денови, но познати се екипи кои ќе настапуваат во новата сезона.
Шампионот Влазерими од Кичево кој минатата сезона не го помина баражот одново ќе се натпреварува во Трета лига – Запад, вицешампионот Џепчиште, Дрита, Љуботен, Зајази, Речица, Напредок, Камјани, ланскиот второлигаш Тетекс, како и новите третолигаши Вардар Брвеница, Велазерими Слатино и екипата на Доброшти кои доаѓаат од Општинската фудбалска лига во Тетово, ни потврди Музафер Исмаили, комесар за судии во Третата македонска фудбалска лига – Запад, а во следниот период ќе се потврди официјално бројот на екипи.
Влазерими од Кичево две сезони по ред е шампион и две сезони по ред ги губи баражите, пред две сезони од Башкими, а потоа немаше среќа ниту во ждрепката од поразените екипи, а лани од Борец во Битола.
Минатата сезона во Трета лига – Запад настапуваа осум екипи, а во новата сезона ќе бидат 12 или четири повеќе.
Александар Ванев, М-Нет