Штипската полиција приведе 31-годишник, кај него пронајдена бела грутчеста материја

На 26.09.2026 во 22:20 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Штип го лишија од слобода И.М.(31) од с.Ерџелија, светиниколско. При преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот  ќе следува соодветна пријава.