Студот не ги исплаши граѓаните за пазар во Штип, најбарани пиперот и доматот, почна продажбата и на празот

Есенски, студен пазарен ден во Штип. Под капи, чадори и топли јакни, граѓаните решително ги полнеа торбите. И овој петок се купуваше се, од компири и јаболка, до домашен сируп и мед. Ни студот не ја гаси пазарната навика, граѓаните пополека, но сигурно се подготвуваат за предстојната зима.

Задоволни од побарувачката овој петок и продавачите, велат граѓаните најмногу купуваат производи за зимница.

И додека есенскиот студ се повеќе се чувствува, пазарот во Штип останува место што пулсира – со луѓе и мириси на свежи, домашни продукти. Очигледно е времето може да се смени, но пазарната навика – тешко.

Иван Митев, М-Нет