Соколи од Штип подготвен за новата сезона во Првата кошаркарска лига – познат системот на натпреварување

Во новата сезона од Првата кошаркарска лига ќе се натпреваруваат 14 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи А и Б. Познат е системот на натпреварување за новата сезона во Првата лига, која всушност е втора по ранг на натпреварување откако ланската Прва лига е ребрендирана во Суперлига.

Во првата натпреварувачка фаза во двете екипи ќе се игра според двокружен систем односно секој со секого за 12 кола. Потоа, во втората фаза ќе се формира плеј-оф со најдобрите осум односно првите четири од двете групи и плеј-аут со шест екипи односно трите последните екипи на табелата од двете групи, а се пренесуват меѓусебните резултати од првата фаза.

Екипата која ќе биде последна во плеј-аутот испаѓа во Аматерскат алига за сезона 2026/2027.

Што се однесува до плеј-оф фазата најдбирте четири екипи обезбедуваат завршен дел од сезоната, каде ќе се игра во принципот прв со четврт и втор со трет во серија подобар од три натпревари, а предност на домашен терен ќе има подобро рангираната екипа од регуларниот дел од сезоната.

Победниците од двете полуфинални серии ќе обезбедат пласман во финалето, а серијата која ќе го даде победникот во Првата лига, ќе се игра исто така по принцип подобар од три натпревар, или во т.н. мајсторка со цел да се добие победник.

Пласман во Суперлигат аза сезона 2026/2027 обезбедува победникот од оваа серија.

Во групата А ќе се натпреваруваат екипите на Охрид, Тетекс ТТК, Мега Баскет, Црн Дрим, Вардар , Младинец и Партизан Водно Санс.

Во групата Б ќе бидат екипите на Соколи од Штип, Бутел, Спортисимо, Струмица ФМП, Борец Баскет, Ролинг од Струмица и Овче Поле од Свети Николе.

Стартот на новата сезона беше предвиден за овој викенд, но поради локалните избори истиот ќе биде поместен за неколку дена. Првата фаза од 14 натпревари треба да се игра заклучно со 31 јануари 2026 година, а пак на 7 февруари ќе стартува плеј-оф односно плеј-аут фаазата.

Во рамки на првото коло од групата А екипата на Водно Санс ќе го пречека Охрид, Вардар ќе игра со Тетекс ТТК, а пак Мега Баскет оди на соочување со Црн Дрим, додека пак Младинец во првото коло ќе биде слободне.

Во однос на првото коло од групата Б штипските Соколи ќе гостуваа во Велес кај тимот на Борец Баскет во еден неизвесен и израмнет натпревар на две екипи кои минатата сезона играа дерби натпревари. Спортисимо ќе игра со Овче Поле, а првото коло носи и градско дерби на Ролинг и Струмица ФМП, во првото коло слободна ќе биде екипата на Бутел.

Александар Ванев, М-Нет