
Сообраќајна незгода утринава се случи во Штип. Во СВР Штип несреќата е пријавена во 9:40 часот. На улица Железничка, населба Долна Железничка во близина на силосите во Штип се случила сообраќајна незгода меѓу мопед и товарно моторно возило комбе со штипски регистерски ознаки. Мопедот бил управуван од 24 годишен возач, а комбето од 54 годишен возач. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на мопетод, кој е префрлен во Клиничка болница Штип. Случајот го потврдија и од Клиничка болница Штип. Портпаролот на болницата, Марина Шуманска во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека лицето има повреди на главта, примено е на хирургија, но се уште е на иследување. Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Штип.
Лаура Стојанова М-Нет