
Семејство во текот на вчерашниот ден остана заглавено во лифт во зграда на улица Михајло Апостолски број 25 во Штип. Меѓу заглавените во лифотот беа и три малолетни деца меѓу кои и бебе. Пријавата во ТППЕ Штип пристигнала околу 18 часот, а на терен излегле тројца пожарникари.
„Откако ја примивме пријавата за неполни 5 минути бевме на местото. Имаше заглавено седум до осум луѓе во лифтот. Лифтот беше прилично нов, има посебна просторија и упатство како да се реагира.“ – вели Георгиевски.
На лице место денеска во зградата лифтот беше во функционална состојба. Станарите позади објективот на камерите велат дека лифотот е прилично нов и дека е во функционална состјба. Додаваат дека го користат прилично често, дека редовно се сервисира и до сега немало таков проблем истиот да биде заглавен.
Лаура Стојанова М-Нет