
Свирепо убиство утринава во Кочани, маж со над 40 убодни рани уби 46 годишна кочанчанка. Трагедијата се случила утринава нешто по шест часот во Стришани. Од СВР Штип го потврдуваат настанот.
Денеска (25.09.2023) во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава велат од полицијата.
Повикот во Итната медицинска помош Кочани бил во 6:20 и веднашсе излегло на терен.
„Граѓанин пријави дека на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани има повредено лице. Повикот беше во 6:20 часот. Екипа од Брзата помош веднаш излезе на терен, но жената веќе беше почината на лице место оти имаше околу 42 убодни рани. Лекар од ИМП Кочани констатираше смрт. Лицето е предадено на обдукција.“ – велат од кочанската општа болница.
Лаура Стојанова М-Нет