
Промовиран практикумот „Учиме со Ели – лесни песни за развој на говорот и почетното пишување“ од авторката Елена Ташкова. Практикумот е наменет за најмалите, родителите и наставниците и содржи над 50 песни, коишто го следат говорниот развој кај децата. Содржински практикумот е плод на долгогодишната работа и искуствата на авторката како дефектолог-логопед.
Како што вели авторката, песните се лесни, прифатливи и јасни за децата, а секоја од нив е пропратена со илустрација. Овој практикум нуди широк спектар на придобивки, а главната цел е да се олесни работата на возрасните за поттикнување на децата кај кои има успорен говорен развој.
Настанот беше збофатен со музичка точка од Борче Пилатов и рецитал на песните од Практикумот во изведба на учениците од ООУ „Гоце Делчев“ под менторство на одделенскиот наставник Славица Неделкова. Промотори на настанот беа проф. д-р Кирил Барбареев и доц. д-р Милена Ристова – Михајловска.
Ребека Спасова М-Нет