
По успешно завршената манифестација „Штипска пастрмајлијада 2026“, која се одржа на Градскиот стадион во Штип, екипите на ЈП „Исар“ веднаш излегоа на терен и започнаа со темелно расчистување на просторот.
Целосно мобилизирани и со максимална посветеност, екипите работеа на отстранување на отпадот и враќање на чистотата и уредноста на просторот кој во изминатите денови беше исполнет со посетители и гости.
Од ЈП „Исар“ порачуваат дека остануваат посветени на одржувањето на јавната хигиена и обезбедувањето чиста и уредна животна средина за сите граѓани.
По завршувањето на големата штипска манифестација, Градскиот стадион повторно е уреден и подготвен за функционирање.

