По вчерашната реакција од ОК на ВМРО ДПМНЕ, директорот на ЈП „Исар“, Здравко Коцев, за нашиот медиум истакна дека нема коментар за ситуацијата. Сепак, истиот пристигна на денешната прес-конференција, која тој ја свика на ул. „Личка“ во врска со тековните активности таму. На прашањето од ОК на ВМРО ДПМНЕ за тоа од каде му се толку пари, искористувајќи ја приликата, тој истакна дека богатството негово е ваквата успешна работа на јавното претпријатие.
„Сакам на дечињата од ВМРО да им порачам, еве, ова е моето богатство. А за сето она што го имам како материјално богатство има служби коишто можат со еден клик да проверат што поседувам и како тоа сум го стекнал“, порача Коцев.
Со ова тој додаде дека во службите е запишано сè што поседува, па таму може да се види на чие име се води имотот и возилата и преку какви бизниси истите се стекнати.
Ребека Спасова МНет
