
Второлигашот Победа ќе продолжи со натпреварување, на вчерашниот јавен собир на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се разговараше за иднината и судбината на клубот. Финансиските проблеми со кој е заглавен клубот прават сериозни проблеми за тоа како клубот во иднина ќе функционира.
Навивачите децидни и бараат одговорност за менаџирањето на клубот во минатото, одговорност за долговите и за ситуацијата во која е клубот. На вчерашниот јавен собир било истакнато дека долговите на Победа се околу седум милиони денари. Најголем проблем се финансии пред се гостувања, каде треба да се организира превоз за патувања, храна, плати на фудбалери и слично.
Клубот поради финансиските проблеми претходно преку соопштение информираше дека нема да продолжи со натпреварување, за што беше вклучен „црвениот аларм“ и прилепчани започнаа со јавни собири со цел да се изнајде решение. Победа немаше испратено известување до ФФМ дека нема да продолжи со натпреварување и тоа беше надеж дека сепак клубот ќе продолжи да игра во Втора лига.
Како што истакнаа претставници од навивачката група „Мајмуни“ клубот ќе продолжи со натпреварување, ќе се состави тим од неколку фудбалери од сениорскиот тим кој останале во Победа и неколку младинци кои ќе се приклучат на сениорскиот тим со цел да се доигра сезоната.
За Победа реални се шансите за опстанок само преку бараж, клубот има шест бода негатива од бараж зоната. Победа ќе ја започне пролетната пролетната полусезона, но ќе биде под сериозен предизвик како ќе ја доигра сезоната, а уште посериозно е како клубот во иднина ќе се справува со овие проблеми пред се финансиски.
Веќе утре Победа на домашен терен ќе го пречека Новаци во рамки на првата пролетна рунда односно 16. коло.
Александар Ванев, М-Нет