
Пет починати лица за едно деноноќие е црниот биланс во Клиничка болница Штип. За разлика од претходното деноноќие кога бројот на новоинфицирани беше 94 и немаше ниту еден слободен кревет во модуларната ковид болница, во послените 24 часа хоспитализирани се 86 пациенти и слободни се 9 слободни места во модуларната болница и 8 на Инфективното оделение. Додека од една страна бројот на новоинфицирани се намалува, расте бројот на починати пациенти. За разлика од Штип, во Кочани состојбата вообичаена. Полна модуларната ковид болница и Одделот за Физикална медицина во Општата болница со проширена дејност во Кочани. Слободни се 9 кревети на Одделот за Интезивна нега, и нема починати лица, во телефонски разговор за М-Нет телевизја истакна Директорот на кочанската болница, Александар Серафимов. Според информации од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство Во земјата досега се направени вкупно 651.997 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 137.728, бројката на оздравени пациенти е 111.765, на починати е 4.072, а бројот на активни случаи изнесува 21.891 лице.
Лаура Стојанова М-Нет