Петок 13-ти „оган“ скап за пазарџиите на штипскиот пазар, се купуваше само основното

Петок 13-ти „оган“ скап за пазарџиите на штипскиот пазар, се купуваше само основното. Со отворена уста купувачите кружеа низ пазарот. Велат цените се високи до плафон, па ако испазарат се што им треба, џебот ќе биде празен. Денеска купуваа само зелена салата, компир и кромид, неопходни прозиводи за преку седмицата.

Продавачите дури од радовишко Јаргулица, велат цените се идентични како и претходниот петок, единствено покачување има на цената на доматото, а на некои тезги и на краставицата.

Овој петок граѓаните дополнително купуваа и домашни свежи јајца, многу зачини, домашен мед, урда, млеко, воленени чорапи и овошје. Со половина празни торби тие си заминаа, со надеж следниот петок биде поевтин.

Иван Митев, М-Нет