
Речиси преполовени патувањата за Осми Март, туристичките агенции се надеваат дека понудите ќе бидат подобри за велигденските празници. Најмногу слободни денови и најголема побарувачка за патување има токму за Велигден, а најбарани се се западно европските држави како Германија и Словачка. До тогаш се надеваат дека ќе се средат и проблемите со патните исправи со што ќе има поголема заинтересираност и повеќе патници. Во моментот една од дестинациите која се работи со полн интезитет е патувањето за Малта.
„За Велигденските празници имаме најмногу слободни денови и се најпобарувани. Имаме велигденски аранжмани. Најчести побарувања се за западно европските држави како Германија, Чешка и Словачка. Во овој период од годината Малта ја работиме интезивно бидејќи имаме директни летови од Скопје.“ – вели Алексовска.
Се полнат аранжманите и за летниот период. Како и претходните години најмногу заинтересираност има за соседна Грција, но не изостануваат и понудите за Тунис и Египет. Патниците иако во помал број споредбено со годините претходно, се одлучуваат на патување со авион.
„Омилени дестинации на патниците се Грција, бидејќи ни е најблиску, Анталија, Бодрум, како и Тунис и Египет. Најчесто во последните години бираат повеќето патници да патуваат со авион.“ – додава Алексовска.
Во периодот кој следи се воведуваат и нови дестинации за патување, кои се по неколку дена, но со пристапни цени.
Лаура Стојанова М-Нет