
Непрописно паркираните автомобили на места кој не се за таа намена најчест проблем за граѓаните. Сѐ повеќе улици и тротоари се узурпирани од автомобили, со што под знак прашалник се става и безбедноста на пешаците, но и на останатите учесници во сообраќајот. Улицата Сутјеска во Штип и покрај тоа што е двонасочна, тешко да се разминат две возила, бидејќи едната коловозна лента речиси секогаш е „паркинг“.
Знак за забрането запирање и паркирање има поставено, но претходно овде имало и обележан паркинг простор па дел од возачите сѐ уште го користат. Не е во ред, коментираат дел од штипјани кои ги сретнавме на улицата.
И не само улицата Сутејеска со овој проблем се соочуваат граѓаните и во централното градско подрачје. Пример пред Дом на култура „Ацо Шопов“ во Штип, каде сега се поставија столбови, но автомобили повторно имаше паркирано.
Од ЈП „Стипион“ истакнаа дека поставените столбови се под налог на Општина Штип. Сообраќајниот инспектор при општината, Оливера Блажева за М-Нет телевизија кажа дека со ова се очекува да не се затвара просторот пред Домот за култура, кој впрочем преставува и тротоарска површина. За улица Сутјеска, согласна е дека на оваа улица не треба да има паркирани возила, бидејќи улицата е двонасочна и нема простор за паркирање.
Од СВР Штип истакнаа дека постојано се на терен и се санкционира секое непрописно паркирано возило.
Лаура Стојанова М-Нет