Најмалку 1000 евра се потребни за славење на матурска, меаните најпривлечни

Матурските во Штип масовно се прославуваат, граѓаните започнаа со подготвоки. Храна, пијалок, изнајмување простор, дали тоа меана, ресторант или пак домашен амбиент, сето тоа и не е евтино, па според проценката на штипјани потребни се најмалку 1000 евра за скромна матурска забава. И покрај високите цени, граѓаните децидни дека матурска се слави еднаш во животот – и мора да се одбележи.

Ако некогаш матурските се одбележувале дома, денес речиси не е така. Меаните стануваат најпривлечни за славење.

И покрај фактот дека матурската треба да се слави, сепак граѓаните остануваат децидни дека според длабочината на џебот, секој различно ќе слави.

Иван Митев, М-Нет