Миланов: Ситуацијата во образованието во Штип може да се оцени како добра!

Инфаструктурно во Општина Штип имало, има и уште многу има за работа, но образованието може да се оцени како добро, е заклучокот на претстедатело на ОО на СДСМ Штип, Јане Миланов, кој беше дел од нашата емисија Зум анализа. Како човек со 38 годишно работно искуство во образованието Миланов посочи дека во последните четири години доста се инвестирало во училиштата во Штип, но секогаш може повеќе.

Според Миланов промените на директорите во дел од училиштата на територија на Штип не се лоша работа, но додколку се направени на Законски начин. Промената на диекторот на штипската гимназија, според Миланов е со низа законски нерегуларности и недоследности, но се надева дека ќе има правилна разрешница на случајот. Дополнително на ова на ден пред почетокот на најавениот штрајк од страна на просветните работници го прашавме Милано кој е неговиот став во врска со истите.

Покачување на платите и пензиите треба да има, но во релана граница додава Миланов, со цел да не се доводе државата во ситуација на инфлаторен бран.

Лаура Стојанова М-Нет