Лице во изолација учествувало во сообраќајна незгода и било затекнато во Клиничка болница Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Д.(32) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 06.12.2020, пријавениот бил затекнат во ЈЗУ Клиничка болница Штип, каде му се укажувала лекарска помош како учесник во сообраќајна незгода која се случила истиот ден кај с.Таринци. Притоа било констатирано дека Б.Д. не го почитувал Решението за изолација во домашни услови.