Запалена кочанската депонија и добиена лажна дојава за пожар во Драчевиќ, десет пожарникари на терен

Во текот на вчерашниот ден граѓани ја запалиле кочанската депонија. По добијената дојава за пожар и црн густ чад припадниците од Територијалната против пожарна единица на терен се упатиле со две возила и четири пожарникари, а се вклучиле и шест доброволци со едно возило од Доброволното противпожарно друштво од Кочни. Пожарот велат дека е настанат од собраниот отпад од пластика односно пластични шишиња.

„По добиените дојави од грѓаните дека од депонијата изглегуваше густ и црн чад. Најпрво ТПЕ на терен излезе со едно возило и два пожарникари, со константираното на терен дека има потреба од повеќе луѓе и возила и поголема количина на вода од ТПЕ се упатило уште едно возило и два пожарникари на терен. Пожарот бил настанат од веќе собраниот отпад од пластика. Тоа значи дека на местото гореше поголема колична на пластични шишиња кои се собирани од луѓето кои ја работат таа работа. И некаде околу десет часот целиот пожар беше изгаснат. “ – истакна Илиев

Имено во текот на вчерашниот ден е добиена и лажна дојава за пожар над Индустриската зона односно во Драчевиќ. Екипата од шет пожарникари и едно возило од ДПД која се упатила на терен констатирала дека станува збор за лажна дојава или неправилно проценување на ситуацијата. Веднаш истата екипа се упатила кон кочанската депонија.

„Добивме уште една дојава дека над Индустриската зона односно Драчевиќ има дојава за уште еден пожар. Меѓутоа тоа беше вид на лажна дојава затоа што тој чад беше спуштен. Првично доброволното противпожарно друштво на терен се упати со едно возило и шест пожарникари каде се констатираше дека станува збор за еден вид на лажна дојдава или недобро проценета состојба. Возилото со пожарникарите беше препратено на депонијата. “- додава Илиев

Претседателот на ДПД Илиев истакна дека моментално нема присуство на чад од страната и пожарот е изгаснат. Апелираат до сите граѓаните свесно да не предизвикуваат пожар затоа што тоа лошо влијае за граѓаните.

Лаура Стојанова, М-Нет