
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница покрај останатите одлуки, донесе одлука и за инцидентот во Прилеп на натпреварот Победа – ШкендијаАрачиново.
ФК Победа АД се казнува со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери на натпреварот ФК Победа АД – ФК Шкендија 77 Арачиново.