
Вчерашниот мирен протест на општите лекари во Штип отвори големо прашање кај граѓаните. Тие велат дека без своите месечни терапии нема да опстанат и затоа изјавија голема поддршка за лекарите и се надеваат на промени и подобрување за здравствените работници.
“ Синоќашниот штрајк се управо докторите, тоа е за нас добро за наше здравје. Ако немаме рецепти и не ни препишуват рецепти ние како ќе се лечиме?
Значи потполно се во право, јас ги поддржувам докторите“
“ Пациентите ке настрадат“
Граѓаните велат дека здравството во државата со години опаѓа и е потребно тоа да се промени. Со големи очекувања тие не само што ги поддржаа матичните лекари, туку дадоа поддршка за покачување на заработувачката на истите.
„Да голема поддршка за матичните лекари и мислам дека се во право, бидејки во оваа година и последните години здравствотот е веќе унаказено. Здравството и просветата во оваа држава се катастрофа, а тоа е веќе докажано. Нема што да гледаме, здравствените работиници станаа веќе на работ испод минималката на една работничка во здравството. Да голема поддршка за здравството, само за здравството“
“Па целосно, сите ке пострадат на некој начин, а пациентите нај повеќе. Осакатени се лугето на некој начин, не можат да работат со по ниска капитација , така да не е во ред мислам. Нај повеке трагично е за пациентите, другото е се споредна работа“
Здравството е едно од основните критериуми за правилното функционирање на едно општество. Со подобувањето на здравствените институции, не само што ќе се подобри здравствениот живот, туку ќе се подобри сигурноста кај граганите за да се лекуваат во самта држава.
Лаура Стојанова, М-Нет