
Денес и во Трета лига – Запад започна пролетната полусезона со натпреварите од 11. коло.
Љуботен на домашен терен стигна само до втора сезонска победа, откако со 3:2 славеше голема победа над Камјани. Ивица Костадиноски беше двоен стрелец за Љуботен, а стрелец на вториот гол беше Роберт Димитриоски. За гостите погодија Метин Муслији и Јулед Ислами во финишот на мечот за ублажување на поразот на 3:2.
Зајази на домашен терен со 5:1 го декласираше некогашниот прволигаш Напредок од Кичево. Хашими и Исмаили беа двојни стрелци, а еден гол постигна Муслиу. За гостинот од Кичево единствен стрелец беше Никола Аврамовиќ во 65. минута.
Дрита на домашен терен забележа пораз од лидерот Влазерими со резултат од 0:3. Сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме. Исмаил погоди во 58. минута за отварање на резултатот, Дани во 76. минута погоди за 0:2, а пак Ибраими ги постави конечните 0:3 во 80. минута.
Џепчишти на домашен терен со 2:1 славеше над Речица. Арлинд Алији во 9. минута погоди за 1:0, а десет минути подоцна Лирим Несими израмни на 1:1. Во вториот дел Фестим Абдулаху погоди за конечни 2:1.
Лидер на табелата е Влазерими со 31 бод, втор е Џепчишти со 24 бодови, на третото место е Дрита со 21 бод. Зајази е на 4. место со 14 бодови, Речица е на 5. место со 11 бодови, Камјани е на шестото место со 10 бодови, Напредок е претпоследен со девет бодови, а Љуботен е на последното осмо место со шест бодови.
Александар Ванев, М-Нет