
Утре во рамки на 6. коло од Втората македонска фудбалска лига ќе имате ексклузивна можност на спортскиот канал М Нет Спорт да го проследите мечот меѓу Вардарски и Македонија ЃП кој се игра на Градскиот стадион во Богданци.
Вардарски се врати во Втората лига после долги 27 години, а како второлигаш по пет одиграни натпревари се’ уште нема триумф, односно има само две ремија и три порази за вкупно два бодови. Од друга страна во Богданци доаѓа ланскиот прволигаш Македонија ЃП, која по ремито со Каменица Саса на домашен терне, мечот со Новаци го загуби службено, па веќе утре „лавовите“ ќе сакаат да дојдат до триумф и затоа на мечот со Вардарски влегуваат сериозно.
Вардарски сака прва второлигашка радост, Македонија ЃП само со три бодови ќе си замине задоволна од Богданци.
Проследете го соочувањето меѓу Вардарски и Македонија ЃП, на спортскиот канал М Нет Спорт, сабота од 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет