
Во сабота на М Нет телевизија ќе го следите во живо натпреварот од 24. коло на Втората лига меѓу Осогово и Шкендија Арачиново преку директен пренос од Кочани.
Дуел на две екипи кои играат во победничка форма. Осогово прикажува допадлив фудбал и се бори за петтото место, а пак Шкендија Арачиново со форма од четири победи и едно реми без примен гол и чиста мрежа на голманот Антонио Столевски сака да дојде до бодови и во Кочани.
Осогово досега покажа дека кога игра против фаворитите игра на високо ниво и успеа да слави над Брегалница во Штип, а на свој терен да го доби лидерот Охрид како и Беласица, што е знак на голема претпазливост на тимот на Берат Имери за тешкото гостување.
Првото меѓусебно соочување заврши со минимална победа за Шкендија Арачиново од 1:0.
Преносот од Кочани стартува во 15:30 часот на М Нет телевизија, Осогово – Шкендија Арачиново.
Александар Ванев, М-Нет