Брера со убедлива победа во Европа: младинците ја „треснаа“ Санта Колома со 3:0!

Младинскиот тим на ФК Брера Струмица со победа го започна настапот во УЕФА Младинската лига на шампиони!
Струмичките младинци славеа со убедливи 3:0 на гостувањето кај ФК Санта Колома, покажувајќи одлична игра и најавувајќи дека имаат што да кажат на европската сцена.
Главен актер на натпреварот беше Бучков, кој двапати ја затресе мрежата на домаќините и со своите голови го трасираше патот кон победата.
Конечниот резултат го постави Кулески, кој се запиша во листата на стрелците за убедливи 3:0 и голем триумф на Брера.
Одличен европски старт за младинците на Брера, кои од Андора се враќаат со голема победа и самодоверба пред продолжението на натпреварувањето.