Пријателски натпревар во Штип меѓу Брегалница и Беласица

Репрезентативната пауза ќе биде искористена за одигрување на пријателски натпревари и со тоа одржување на потребната форма за финишот од есенската полусезона.

Утре, на Градскиот стадион во Штип ќе се одигра натпреварот меѓу прволигашот Брегалница и второлигашот Беласица од Струмица, а кој меч ќе започне во 13 часот, а влезот за истиот ќе биде слободен.

Брегалница до крајот од есенскиот дел има многу важни натпревари на кои треба да освојува бодови. На домашен терен до лидерот Струга, во гости кај Шкендија Арачиново, па дома со Силекс, во гости кај Скопје и дома со Тиквеш.

Пред Беласица има уште два меча од есенската полусезона во Втора лига, следниот викенд дерби кај лидерот Охрид, а потоа дома со Камјани за затварање на есенскиот дел, два клучни дуели за струмичани кои треба да се добијат за да котираат високо на табелата.

Александар Ванев, М-Нет