
Во присуство на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и неговите сроаботници, градоначалникот на Штип Сашко Николов и негови соравотници и останати фудбалски работници денес на градскиот стадион во Штип свечено беше поставен камен – темелник за изградба на западната трибина, дел од хет – трик програмата во соработка на ФФМ и УЕФА. За значењето за ова ново свечено руво на „градски“ како и за популаризација и посетеност на фудбалот воопшто свое излагање со пригодни беседи имаа Градоначалникот Сашко Николов, Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, сопственикот на Брегалница Кирил Гогов и претседателот на ОФС Штип Димитар Џонов.
Западната трибина е проект во кој сите работи ќе бидат задолжение на ФФМ, локалната самоуправа е должна да ја изгради источната трибина а според зборовите на претседателот Сејдини, спојувањето на двете трибии како и некои дополнителни моменти ќе бидат повторно надлежност и финансиски дел од самата ФФМ.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk