
На 25.12.2022 во 16.30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во периодот од 21.12. до 25.12.2022 кај место викано „Три Кладенци“, во близина на с.Барбарево, пробиштипско, со употреба на сила и подесен алат било влезено во црквата „Пресвета Богородица“, при што биле одземени пари. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Пробиштип. Се работи на расчистување на случајот.