
Прволигашот Арсими е последниот четвртфиналист во Купот на Македонија откако со 1:3 славеше над второлигашот Брера во Струмица преку пресврт.
Домашниот тим уште во 4. минута со голот на Сејменов дојде до предност од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Јусуфи погоди за 1:1, а пак Алити за комплетен пресврт, додека пак Гаје постигна гол за конечни 1:3 во 85. минута.
Покрај Арсими, четвртфинале претхдоно обезбедија Силекс која ја брани Куп титулата, Шкендија Арачиново, Скопје, Македонија ЃП која преку пенали славеше над Брегалница, Работнички, Струга и Вардар кој службено го доби мечот со Тиквеш, иако на теренот загуби со 1:3.
Со ждрепка ќе бидат познати четвртфиналните парови, а победниците од истите ќе обезбедат место во полуфиналето. Освојувачот на Купот на Македонија обезбедува излез во Европа односно игра во квалификациите на Конфенциската лига на УЕФА.
Александар Ванев, М-Нет