
В недела се играат мечевите од 13. коло на Првата женска фудбалска лига, а во рамките на истото Каменица Саса ќе гостува во Скопје кај Вардар, меч на кој „рударките“ ќе сакаат продолжување на победничката низа на три победи во низа, за осмо сезонско славје.
Вардар, пак, сака пред домашната публика да дојде до три бода што би значело шеста победа оваа сезона.
Фудбалерките на Кочани ќе гостуваат во Струга каде ќе се одигра мечот со Ас Јунајтед. Домаќинот е фаворит за трибите бодови, но овие две екипи на првото соочување одиграа без голови и со тоа Кочани го освои засега единствениот бод. Сега стружанки ќе сакаат три бода за да може да фатат приклучок кон третата позиција.
Кочани се надева да изненади бидејќи е единствениот тим кој нема триумф.
Дербито на колото се игра во Струмица меѓу Тиверија Брера и лидерот Љуботен, непоразениот тим од Тетово се надева дека ќе ја продолжи победничката низа за да го чува врвот на плус четири во однос на шампионот Скопје, кој в недела ќе игра против Речица како апсолутен фаворит во гости.
Истатов на домашен терен ќе игра со Пелистер, двете екипи влегуваат во меч за да направат експресно враќање на победите.
Александар Ванев, М-Нет