Каменица Саса во полуфиналето од Купот против Љуботен, Тиверија Брера со Пелистер

Познати се двојките за полуфиналето од Купот на Македонија во женска конкуреција, а кои натпревари ќе се одиграа во март 2027 година.

Ждрепката посака Каменица Саса на Градскиот стадион во Македонска Каменица да се соочи со Љуботен, а пак бранителот на Куп титулата, Тиверија Брера на домашен терен со Пелистер.

Доколку домашните екипи односно Каменица Саса и Тиверија Брера успеа да ја поминат последната пречка тогаш ќе гледаме реприза на финалето од ланската сезона.

Полуфиналните натпревари се играат со еден меч, а доколку во регуларниот дел нема победник, веднаш се пристапува кон изведување на удари од белата точка со цел добивање на победник.

Александар Ванев, М-Нет