Дали дигитализацијата и социјалните мрежи ги засенуваат теливизиите?

Телевизиите се сериозна и голема приказна и сѐ уште начин на информирање на публиката, смета долгогодишниот новинар и директор на МИА, Драгн Антоновски. И покрај фактот дека се повеќе се следат социјалните мрежи начинот на инфомирање на публиката се движи во правец на дигитализација, Антонвски вели дека луѓето сакаат да гледат и сакаат да се видат.

“Јас не се согласувам дека теливизиите ќе умрат, затоа што телевизиите се сериозна и голема приказна и големо влијание. Луѓето сакаат да гледат, сакаат да се видат, некако на овие наши простори некако ги мрзи да читаат. Сега ќе читам јас што пишува, а ќе си легнам ќе си уклучам телевизор ќе гледам. Значи ако работиш професионално, ако публиката ти верува телевизиите нема да замрат. Да ќе има други начини на информирање, да речеме јас порано ги гледав вестите во 4, во 5, во 6 часот. Е сега јас не седам пред телевизор, туку си пуштам на телефон и на телефон ги гледам тие работи.“ – вели Антоновски.

Додава дека за разлика од претходно кога за еден настан биле потребни дури и пет лица, сега работата се сведува на едно до две лица, но сепак потреба е тимска работа, за квалитени и точни, проверени информации.

„Јас се сеќавам одам на снимање во белград, имаше еден тонец, еден со камера, третиро со светлата и јас и еден шофер. Сега се е „one man“ шоу.“ – додава Антоновски.

Според него секоја работа си има своја тежина, но најдобро се завршува работата која се работи со љубов. Додава дека со проверени, точни и навремени информации граѓаните ви веруваат, а телевизиите и понатаму продолжуваат да бидат една од главните алатки за информирање.

Лаура Стојанова М-Нет