
ГКК Штип за продолжението од сезоната промовираше ново засилување, станува збор за американскиот бек Синсир Паркер.
Како што истакнаа од ГКК Штип, се работи за американски бек кој минатата сезона беше втор стрелец на Мемфис со просек од 11,9 поени.
ГКК Штип кој го предводи Марјан Србиновски по осум одиграни кола има ефект од три победи и пет порази и на своето конто има 11 бодови за делба на седмото место со Пелистер.
Во следното коло ГКК Штип на домашен терен во салата „Џексон“ ќе се соочи со непоразениот лидер Работнички, што ќе биде предизвик за тимот од градот под Исарот пред верната публика да биде прв тим кој успеал да го совлада Работнички.
Александар Ванев, М-Нет