
Викендот ќе се одиграат мечевите од последното есенско коло во Првата женска фудбалска лига, не би требало да има промени при самиот врв од табелата.
Во рамките на 14. коло или последната рунда за есенската полусезона Каменица Саса ќе игра на домашен терен против Истатов, лидерот Љуботен ќе ја пречека Речица како апсолутен фаворит, а пак шампионот Скопје ќе има предизвик во Пржино да го добие Вардар.
Последнопласираниот Кочани на домашен терен ќе се соочи со апсолутниот фаворит Тиверија Брера, а колото се затвара со мечот меѓу Пелистер и Ас Јунајтед од Струга.
Љуботен повеќе од јасно е дека ги освојува бодовите против Речица и со тоа ќе го потврди првото место и ќе биде есенски шампион, а пак Скопје ќе треба да го добие Вардар и со тоа да биде втор.
Тиверија Брера треба лесно да се справи со „фенерџијата“ Кочани и на тој начин есенскиот дел да го заврши на третото место.
Секое изненадување кај фаворитите ќе донесе потежок пролетен старт кон остварување на целите. Трката за титулата се води меѓу Љуботен и Скопје, а од сенка чекаат Тиверија Брера и Каменица Саса.
Кочани го очекува повеќе од тешка борба за опстанок, а истата ќе се сведува само до можноста да се стигне до претпоследното место што значи бараж за опстанок во Првата лига, ситуација иста од минатата сезона кога фудбалерките на Кочани преку бараж изборија опстанок во елитата.
Александар Ванев, М-Нет