
Вечерва се отвара шестото коло во Втората футсал лига на Македонија, кое ќе се игра во три дена односно еден меч во сабота и два во недела, дербито ќе биде во Штип.
Вечерва Кратово на домашен терен ќе игра со прилепска Победа, тоа ќе биде дуел во кој двете екипи ќе го бараат првиот позитивен резултат оваа сезона, но воедно и првите бодови.
Во сабота во Кочани ќе се одигра дуелот меѓу Фудбал Старс против Каршиака, во меч каде гостинот кој е лидер на табелата со максимален број на бодови ќе биде фаворит за нови три бодови, а со тоа продолжува на победничката низа.
В недела на програмата ќе бидат две средби. Во 18 часот во Штип ќе се одигра дербито меѓу двата лански прволигаш Мал Ајакс ќе се соочи со Балкан во дуел каде домашниот тим ќе бара трето славје, а пак гостинот од Скопје по петто славје.
Мал Ајакс е четврти со седум бодови, а пак Балкан е втор со 12 бодови, но скопскиот тим има меч повеќе во однос на штипскиот. Средбата меѓу Мал Ајакс и Балкан е закажана да се одигра во салата „Тошо Арсов“ во Штип.
Еден час подоцна во Кавадарци ќе се одигра дуелот каде Црна Река е фаворит за освојување на трите бодови против дебитантот Шутка 1.
Александар Ванев, М-Нет